top of page

ZA SITE BORILACKI SPORTOVI I VESHTINI

MMA
MIXED MARTIAL ARTS

Боречките вештини, односно спортови, се една од најдобрите физички и психички активности кои можете да ги одберете за вас или вашите деца. Без оглед на тоа дали се работи за бокс, кик бокс, карате, аикидо, џудо, бразилско џиу-џицу или некоја друга вештина, сите тие носат големи придобивки. Прочитајте за деветте најважни од нив и побарајте некој клуб кој ќе одговара на вашите желби и потреби

Физички придобивки

 

1. Поголема физичка активност      Боречките спортови бараат многу од телото. Нема многу други спортови со кои вие или вашите деца ќе бидете толку многу физички активни. Ако тренирате некој од нив, тоа значи дека ќе треба да активирате и развиете голем дел од телото, од нозете, па сè до вратот.

 

2. Повеќе енергија  Како и тренирањето кој било друг спорт, така и боречките спортови ќе ви го покачат нивото на енергија после одредено време. Можеби ќе ви биде тешко на почетокот, но наскоро ќе почнете да ја чувствувате оваа придобивка, особено затоа што тие се одличен фитнес и бргу ја покачуваат физичката кондиција..

 

"IT'S NOT WHETHER YOU
GET KNOCKED DOWN, IT'S WHETHER YOU GET UP"

Vince Lombardi

 

    3. Здрав начин на живот

 

Одете само еднаш на тренинг после порција брза храна, цигара или ненаспиени и ќе поминете низ пекол. Спортувањето ќе ве натера да се откажете од сите лоши навики во животот за да постигнете резултати на ова поле.

 

                                                                  Психички придобивки

 

     4. Концентрација

 

Борбата бара да биде добро концентрирани врз себе и својот противник. И најмалото невнимание може да резултира со примање на удар поради кој се губи борбата и затоа големо внимание на тренинзите се обрнува на концентрацијата. Тоа е особено корисно за децата, затоа што нивната енергичност понекогаш прави да не можат да се сконцентрираат само на една работа. Боречките вештини ќе ги истренираат подобро да се фокусираат на едно нешто додека да го завршат тоа.

 

5. Контрола над себе

 

Борецот мора да има контрола над себе во секој момент. Во борбите има момент и кога примате удар и кога во следниот миг сакате да го уништите противникот, но тоа често пати завршува со уште повеќе примени удари. Затоа оној кој се бори мора да научи да се контролира за да не го губи разумот кога прима удари и трпеливо да ја чека својата шанса да зададе удар. Тоа ќе ви користи многу и во секојдневниот живот.

 

6. Самоодбрана

 

Тоа се боречки вештини, па секако дека ќе научите да се изборите со секаков противник доколку ги совладате. Некои од нив се целосно фокусирани на самоодбрана и воопшто нема да ве научат на потези за напад, како на пример аикидото, но има и такви кои покрај нападот ќе ве наоружаат со арсенал на потези со кои ќе одбиете сечиј напад

 

7. Бонтон.

 

Боречките спортови не се за тепачи. Добар тренер ќе ве научи дека напаѓачките вештини кои сте ги научиле во салата се користат само во рингот, а само одбранбените се користат и на улица. Не постои боречки спорт кој ќе ве научи да се тепате. Оние кои тренираат, а потоа завршуваат како тепачи не можат да се наречат спортисти. Овие спортови ќе ве научат на целосен бонтон, на фер борба, џентлменско однесување, почит кон противникот и борба само со оние кои ви се рамни на себе, а не малтретирање на послабите. Добриот борец никогаш не започнува борба на улица.

 

8. Самодоверба и самопочит

 

Боречките спортови ќе ве научат вас и вашите деца дека не постојат тешки и несовладливи противници, туку само вешти и помалку вешти борци. Тие влеваат самодоверба и учат на почитување и верба во сопствените вештини.

 

9. Носење одлуки

 

Борбата во боречките спортови е иста како и секоја друг борба во животот. Потребно е да бидете сконцентрирани во секој момент, да го спречите противникот да ви зададе удар и да ви направи проблеми, потребно е да бидете самодисциплинирани и да не се избезумувате кога ќе примите удар и понекогаш брзо а понекогаш внимателно да носите одлуки за вашиот следен потег. Сето тоа го има само во една борба и можете да го научите ако напорно тренирате.

 

 

 

 

 

 

 

 

bottom of page